Дома Фудбал Англија Клоп: Следната сезона нема да ја браниме титулата, ќе ја нападнеме

Клоп: Следната сезона нема да ја браниме титулата, ќе ја нападнеме

Ливепрул сезонава ја освои титулата во Премиер лигата на која чекаше цели 30 години, но за вистинската прослава ќе мора да почека.

Следниот натпревар во Премиер лигата ќе го игра против Манчестер Сити на „Етихад“. Минатата сезона Сити ја освои титулата, но оваа Ливерпул на Клоп беше доминантен и не им дозволи на „граѓаните“ да се доближат.

Клоп пред ова дерби зборуваше и за следната сезона.

„Се додека останеме понизни и гладни имаме добра шанса да останеме тежок противник за секого. Многу предизвици се пред нас, животот е предизвик, а нашиот следен предизвик е играње против седум противници до крајот на сезоната. Следната сезона за нас ќе се пишува како бранители, но ние нема да ја браниме титулата – ќе ја нападнеме“, изјави во свој стил Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хименез промаши пенал после 21 реализирани во низа, но дали ВАР погреши?

Севиља со минимални 1:0 го победи Волвс и се пласира во полуфиналето на ЛЕ, меѓутоа овој н…