Дома Фудбал Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Клоп пресреќен поради трансферот на Артур

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека е многу среќен од трансферот на Артур, кој вчера пристигна на „Енфилд“ во последниот ден од трансфер пазарот.

Клоп има проблем со повредени фудбалери и малку алтернатива на средината на теренот, па сакаше да доведе квалитетен играч за врска.

„Навистина сум среќен од тој трансфер. Мојата информација е дека тој до утре нема да добие дозвола за игра, па сите се надеваме дека ќе биде спремен за мечот со Наполи. Тој е добар фудбалер, дава ритам, има одлични додавања и сигурен е со топка во нозе. Многу ми се допаѓа“, изјави Клоп.

„Хендерсон сигурно е во аут, но не знаеме за колку време. Дарвин е во добра форма, тој ја научи лекцијата и ќе биде на располагање за утрешното дерби со Евертон“, додаде Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ред Булс го запре Меси: Крај на голгетерската низа и пораз за Интер Мајами

Лионел Меси остана без гол првпат во последните 13 настапи во регуларната сезона на МЛС, а…