Дома Фудбал Англија Клоп потврди голема промена во Ливерпул!

Клоп потврди голема промена во Ливерпул!

Јирген Клоп потврди дека ќе има промена во неговиот тим…

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Египќанецот, Мохамед Салах повеќе нема да ги шутира пеналите за тимот на Ливерпул, тоа го индиректно го потврди Јирген Клоп, па сега се отвори дебата кој ќе биде следниот „пеналџија“.

Салах доби шанса против Хадерсфилд, но очајно шутираше. Џејмс Милнер ги изведуваше пеналите минатата сезона, беше успешен, но оваа сезона е во втор план.

„Сметав дека има смисла Салах да ги изведува пеналите откако покажа одлучност против Египет во квалификациите, но очигледно дека Ливерпул е преголем притисок за него. Не сум сигурен кој би можел да биде најдобро решение, мислам дека Даниел Стариџ би бил добро решение“, изјави Клоп, иако е проблем што Стариџ како и Милнер не е стандарден првотимец.

Тука секако се Фирмино и Кутињо, првиот промаши пенал против Севиља, па така се наведува на тоа дека Бразилецот кој беше пред заминување ќе ја превземе одговорноста.

Ливерпул утре вечер го дочекува Мариобор, а потоа за викендот во рамките од Премиер лигата гостува кај екипата на Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…