Дома Фудбал Клоп потврди: Алисон го пропушта дуелот со Атлетико!

Клоп потврди: Алисон го пропушта дуелот со Атлетико!

Првиот голман на Ливерпул, Алисон Бекер ќе го пропушти дуелот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампони.

Ова денес го потвди менаџерот на „црвените“, Јирген Клоп на пресконференција пред натпреварот против Борнмут.

Клоп потврди дека Алисон Бекер заработил повреда на тренингот и со сигурност ќе го пропушти саботниот натпревар, но она што повеќе ги загрижува навивачите на Ливерпул е тоа што Бразилецот ќе го пропушти и мечот со Атлетико Мадрид.

„Алисон се жалеше на повреда пред мечот со Челси, па не настапи. Беше на прегледи, каде беше утврдено дека проблемот не е наивен. Не е ниту премногу сериозно, но тој во секој случај нема да брани со Бурнемаут, ниту пак ќе може да се врати следната седмица“, потврди Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас ја реши Словенија во 2019, Македонија вечерва бара излез од кризата

Пред новата пресметка со Словенија, потсетување на двата гола на Елмас во Скопје во 2019 г…