Дома Фудбал Англија Клоп после трилер натпреварот: Заслуживме да изгубиме!

Клоп после трилер натпреварот: Заслуживме да изгубиме!

Ливерпул уште еднаш ги шокира своите фанови откако исшушти победа на гостувањето кај Бурнмаут иако имаше водство од 3:1.

Менаџерот Јирген Клоп после натпреварот изјави дека неговите фудбалери го заслужиле поразот и дека тој може да биде многу полезен за остатокот од сезоната.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Прво, мора да се потенцира дека победата на Бурнмаут е заслужена, тие се бореа многу. Дури и кога водевме со 2:0, ние бевме многу статични, го загубивме натпреварот затоа што престанавме да играме фудбал“, истакна Клоп.

„Се ќе биде во ред ако извлечеме поука од овој пораз, им го подаривме натпреварот со начинот на кој игравме по водството. Секако дека овој пораз може да ни помогне, нема успех без сопнување од камења и искачување скали, тоа се само три бода, а знаеме дека во декември не можеме да испаднеме, ниту да бидеме шампиони“, заклучи Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шесткратен шампион на Франција прогласи банкрот

Шесткратниот француски шампион Бордо прогласи банкрот само неколку денови по испаѓањето во…