Дома Фудбал Англија Клоп: Меси е најдобар, но „Златната топка“ треба да ја добие Ван Дајк

Клоп: Меси е најдобар, но „Златната топка“ треба да ја добие Ван Дајк

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека една од ѕвездите на неговиот тим – Вирџил ван Дајк, треба да ја освои „Златната топка“ оваа година.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Наградата ќе биде доделена на церемонија следната недела, на 2-ри декември, а Ван Дајк и Лионел Меси се најголеми фаворити.

„Ако наградата се дава на најдобриот играч воопшто, тогаш таа секогаш треба да ја добива Лео Меси. Но, ако наградата се доделува на најдобриот играч од последната сезона, тоа е Вирџил ван Дајк. Не знам точно како се водат луѓето кои гласаат, но според мене е така. Ќе видиме. Најдобриот играч воопшто е Лео Меси, но најдобриот играч за минатата сезона е Ван Дајк“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фелипе Луис најде нов ангажман, првпат ќе биде тренер во Европа

Монако имаа тешка сезона зад себе. Едвај обезбедија место за настап во европските купови, …