Дома Фудбал Англија „Клоп и Гвардиола не би можеле да го направат тоа што Роџерс го прави со Лестер“

„Клоп и Гвардиола не би можеле да го направат тоа што Роџерс го прави со Лестер“

Брендан Роџерс оваа сезона на одличен начин го води Лестер.

„Лисиците“ од „Кинг Пауер“ се борат за титулата. Во суперлативи за Роџерс зборуваше легендарниот Пол Мерсон.

„Не постојат зборови со кој би можел да изразам воодушевување. Го сметам за навистина посебен во оваа работа. Тој е рамо до рамо со Клоп и Гвардиола. Но, мислам дека Гвардиола и Клоп не би можеле да го направат тоа што Роџерс го прави со Лестер. Не гледам начин како би успеале во тоа“, изјави Мерсон.

Роџерс во февруари 2019 година го превзема Лестер и на 85 натпревари запиша 45 победи, 16 нерешени резултати и 24 порази.

Претходно работеше во Селтик, Ливерпул, Свонси, Рединг и Вотфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ситуацијата поради која навивачите на Звезда долго ќе жалат

Екипата на Милан некако успеа да ја елиминира Црвена Звезда и да го осигура пласманот во о…