Дома Фудбал Англија Клоп го прокоментира заминувањето на Фабињо: Во Англија медиумите се „луди“

Клоп го прокоментира заминувањето на Фабињо: Во Англија медиумите се „луди“

Јирген Клоп денес на конференцијата за медиумите го коментираше потенцијалното заминување на Фабињо од Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Како што се наведува за него е заинтересиран Милан, но германскиот стратег смета дека тоа се глупости пласирани од медиумите во Англија.

„Дали се вклопува? Да. Играше и игра добро, се е во ред. Сега доаѓа најинтензивен период од годината, неверојатно е колку натпревари имаме. Добро е тоа, знаевме за тоа“, истакна Јирген Клоп кој наговести дека Фабињо ќе добие шанса во следниот период.

Смета дека е „лудо“, тоа што некои медиуми мислат дека тој ќе замине во јануари.

„Секако дека нема да замине. Не сакам да зборувам за трансферите, но ако ме прашате, никој одовде не оди никаде“, заклучи Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона добива кредит од 210 милиони евра за купување на нови фудбалери

Барселона доби кредит од 210 милиони евра за да го засили тимот под раководство на новиот …