Дома Фудбал Англија Клоп го опиша најтешкиот момент од доаѓањето во Ливерпул

Клоп го опиша најтешкиот момент од доаѓањето во Ливерпул

0

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го откри најтешкиот момент за него откако пристигна на Островот.

На прес-конференцијата пред дербито со Манчестер Сити, кое се игра во недела од 17:30 часот, Клоп вели дека најтешко му паднала трагедијата на навивачот на Црвените, Шон Кокс, кој после 18 месеци повторно ќе гледа натправар на Ливерпул.

Кокс во април 2018. година, пред полуфиналето во ЛШ против Рома навивачите на римскиот клуб го нападнале и повредиле. Се здобил со тешки повреди на главата, а и натаму има потешкотии со говорот.

„Тоа беше најтешкиот момент во мојата кариера во Ливерпул. Такво нешто не смее да се случи. Генерално во животот, а нормално и во фудбалот.“ – истакна Клоп и додаде:

„Се надевам дека љубовта спрема клубот му ја даде потребната сила за рехабилитација. Се надевам дека можеме да организираме да се сретнеме пред натпреварот. Навистина го посакувам тоа.“

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Елмас пред Австрија доби лоши вести: Наполи ќе го казни!

Непосредно пред вечерашниот натпревар против Австрија Наполи соопшти дека Елиф Елмас ќе би…