Дома Фудбал Италија Клаудио Раниери повторно седнува на клупата на клуб од Серија А?

Клаудио Раниери повторно седнува на клупата на клуб од Серија А?

0

Според информациите тимот на Сампдорија е блиску до договор со Клаудио Раниери.

Клубот од Џенова лошо ја започна новата сезона во Серија А.

Сампдорија е последна на табелата во италијанското првенство со само три освоени бодови во седум одиграни кола. Единствената победа овој тим ја оствари кон крајот на септември кога го победија Торино.

Лошиот старт Еусебио Ди Франческо го плати со отказ и репрезентативната пауза Сампдорија ќе ја искористи да пронајде нов шеф на стручаниот штаб.

Италијанските медиуми пишуваат дека Сампдорија веќе ја одбиле Џенаро Гатузо и Руди Гарсија и наводно Клаудио Раниери е блиску до договор со овој тим.

Раниери е без ангажман откако на крајот на минатата сезона ја напушти Рома која остана без место во Лигата на шампионите.

Искусниот тренер во својата кариера водеше големи тимови, меѓутоа негов најголем успех сигурно е сензационалната титула во Премиер лигата со Лестер во сезоната 2015/2016.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Алексис Санчез два месеци надвор од теренот?

Крилниот фудбалер на Интер, Алексис Санчез го повреди зглобот на пријателскиот натпревар п…