Дома Останати Кирјос се пласира во четвртфинале и побара вино 🎥

Кирјос се пласира во четвртфинале и побара вино 🎥

Австралискиот тенисер Ник Кирјос обезбеди пласман во четвртфиналето на Вимблдон со победата над Брендон Накашима со 3:2 во сетови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Австралиецот беше поуспешен по голема борба која траеше повеќе од три часа, а која беше решена во одлучувачки петти сет кој му припадна на Кирјос со 6:2.

„Имам играно многу натпревари, многу тенис во претходниот период и веројатно тоа зеде данок. Во четвртиот сет имав проблеми со рамото. Влеговме во петтиот, а јас никогаш не сум загубил на Вимблдон во пет сета. Сега ми е потребна чаша добро вино. Сигурно ќе пијам вино оваа вечер, тоа е сигурно“, изјави Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Ѓоковиќ објави каде ќе игра следниот турнир (Видео)

Ѓоковиќ потврди дека ќе настапи на претстојниот Мастерс во Синсинати. Како ПАМЕТНО да типу…