Дома Останати Тенис Кирјос сега го критикува таткото на Ѓоковиќ: Човеку, не бегајте од одговорност!

Кирјос сега го критикува таткото на Ѓоковиќ: Човеку, не бегајте од одговорност!

Ник Кирјос овој период не пропушта редовно да испраќа критики на сметка на Новак Ѓоковиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Австралискиот тенисер одново го критикуваше семејството на најдобриот светски тенисер поради организацијата на Адрија Тур.

Кирјос сега на социјалните мрежи ја коментираше изјавата на Срѓан Ѓоковиќ (таткото на Новак) кој го обвини Григор Димитров за ширењето на Ковид-19 на турнирот.

Ќе потсетиме, Димитров беше првиот од учесниците кај кои беше потврден вирусот, а се претпоставува дека бугарскиот тенисер заразен дошол на турнирот. Сепак, за Кирјос единствени виновници се организаторите.

„Човеку, немојте да бегате од одговорност“, напиша Кирјос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа одлично тргна и ја скокна првата пречка во квалификациите за Вимблдон!

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успешно го започна настапот во квалификациите за Вимб…