Како што стојат работите, македонскиот репрезентативец Аријан Адеми се сели во кинескиот прволигаш Пекинг Гуан.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите од оваа земја тврдат дека договорени се сите детали, а Гуан ги решил проблемите со неисплатени плати кон фудбалерите и сега може да доведе нови играчи.
„Во претходниот период Гуан ги решаваше проблемите со заостанати плати и спорови со странски играчи. Актуелна беше забрана за носење играчи, но откако се е завршено таа забрана ќе биде тргната и ќе пристигне 32-годишниот капитен на Динамо Загреб“, објавија медиумите.
Најавите се дека Адеми со кинескиот клуб ќе потпише договор до 2026 година. За очекување е трансферот да се реализира затоа што претходно слични беа најавите и од Хрватска.
За Динамо, Адеми игра од 2010 година кога пристигна од Шибеник, кратко беше позајмен во Лкомотива. Во дресот на „модрите“ одигра 358 натпревари, постигна 41 гол и подели 30 асистенции.