Дома Фудбал Кике Сетиен повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој друг сезонава

Кике Сетиен повторно испиша историја: Ова не му успеало на никој друг сезонава

Фудбалерите на Виљареал приредија изненадување во Ла Лига откако вчера во Мадрид го победија Реал со 2:3. Тренерот на „жолтата подморница“, Кике Сетиен така направи вистински подвиг.

Виљареал го победи Реал и во првиот натпревар на својот стадион на 7-ми јануари, тогаш резултатот беше 2:1. Сетиен така стана единствениот тренер во Ла Лига кој сезонава освоил шест бода против „кралевите“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Освен тоа Сетиен држи и уште еден интересен рекорд од сезоната 2018/2019. Тогаш тој стана единствениот тренер кој во една сезона ги победил Барселона и Реал Мадрид на гостински терен. Барселона со својот Бетис ја победи со 4:3, додека против Реал славеше со 2:0.

Сетиен очигледно знае како се игра против најголемите шпански клубови, Бетис успеа да го одведе во Европа, а сега со Виљареал е во борба за место во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ајнтрахт одби 80 милиони од Њукасл за Екитике

Ајнтрахт Франкфурт ја отфрли понудата од Њукасл за Уго Екитике, пренесува Флоријан Плетенб…