Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Кејн: Ја преземам одговорноста, огорчен сум

Кејн: Ја преземам одговорноста, огорчен сум

Хари Кејн беше трагичар за Англија во елиминацијата од Франција во четвртфиналето на Мундијалот.

Кејн промаши пенал на неколку минути до крајот и пропушти да израмни, па Франција победи со 2:1, а тој ја презеде одговорноста.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Јас сум огорчен, тимот е огорчен. Имавме верба дека можеме да направиме нешто специјално, нешто големо на ова Светско првенство, а на крајот си заминуваме поради ситни детали“, изјави Кејн.

„Не можам да се обвинувам за лоша подготовка или за некој детал, ова беше само една погубна ноќ која многу боли. Првиот пенал беше одличен, а вториот, не шутнав како што сакав. И јас ја преземам одговорноста, ова ќе боли уште многу долго време. Цел меч е болен за нас, зашто знаевме што сакаме да постигнеме“, додаде Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Титула, па инвестиција од 130.000.000 евра: Клуб од регионот има нов сопственик

Левски од Софија има нов сопственик и следуваат големи инвестиции во бугарскиот фудбал, ко…