Дома Фудбал Англија Кејн бил во посета на Покетино: Тоа беше голем шок за сите!

Кејн бил во посета на Покетино: Тоа беше голем шок за сите!

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн призна дека отказот на Маурисио Покетино бил „голем шок“ и дека бил во посета на својот поранешен тренер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Во вторникот вечерта беше голем шок за сите, вклучително и за играчите. Бев да го посетам Маурисио после тоа, разговаравме неколку часа. Убаво беше тоа да го направам пред да стигне новиот менаџер“, изјави Кејн.

Следниот ден за нов тренер на Тотенхем беше назначен Жозе Мурињо, а Кејн вели дека Португалецот е вистински избор.

„Одеднаш имавме нов тренер, еден од најдобрите, па така автоматски морате да се вратите во реалноста и да се фокусирате на играта. Мислам дека Мурињо е вистински избор. Тој е роден победник и сака да победува. Некој со таква репутација ви дава додатна самодоверба“, заклучи Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…