Играчот за врска на Јувентус, Сами Кедира ќе мора одредено време да помине надвор од терените.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Германецот веќе некое време се мачи со повредата на коленото поради што го пропушти и последниот натпревар со Сасуоло, а медицинските прегледи покажаа дека оперативен зафат е неизбежен.
Од Јувентус открија дека Кедира уште утре ќе направи операција на лигаментите на коленото која ќе ја изведе познатиот германски доктор Улрих Боениш во Аугусбург, а во овој момент не е познато колку Германецот ќе биде надвор од терените.
32 годишниот Кедира оваа сезона редовно беше во тимот на Сари. Одигра вкупно 12 натпревари во првенството и пет во Лигата на шампионите, а забележа и една асистенција.
Отсуството на Кедира ќе биде прилика за Рамзи и Рабио да го покажат својот квалитет.