Еден од најкритикуваните германски фудбалери после поразот од Мексико, Сами Кедира објасни зошто противникот им направил толку многу шанси на првиот меч.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„За да се браниме од контранападите на противникот кога сме на 50 метри од голот треба да правиме страшни спринтови. Имаме потреба од еден Усеин Болт, а немаме таков“, коментираше Кедира за германските медиуми.
„Сите сакаат да го победат светскиот шампион. Тешко е и за другите големи репрезентации, не само за нас. Знаеме дека ако на следниот меч играме како против Мексико дека ќе се одиме дома“, заклучи Кедира.