Сами Кедира за „ЕСПН“ зборуваше за една од најголемите победи на германската репрезентација кога Бразил во 2014 година беше потопен со 7:1.
Германија таа 2014 година стигна до светската титула откако ја победи Аргентина во финалето, а најмногу од тој турнир се памети дебаклот кој му го нанесоа на Бразил. Против Бразил избраниците на Лев водеа 5:0 на полувреме, а и покрај таа предност германскиот селектор немал намера да попушти во вториот дел.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Селекторот Лев беше најважниот тој ден. На полувремето добивме сериозна закана од него. Водевме 5:0, а тој ни порача дека ако некој го намали квалитетот или почне да се шегува на теренот ќе биде заменет и нема да го игра финалето. Сакаше да бидеме сериозни до крај и да ја почитуваме бразилската селекција, нивните навивачи и целата земја“, изјави Кедира.