Сами Кедира на 34 години одлучи да стави крај на кариерата, тоа го направи поради недоволната мотивација и здравствените проблеми поради кои не можеше да игра во препознатливата форма.
Во кариерата Кедира ги освои сите најважни титули на клупски и репрезентативен план, а посебно ќе се сеќава на периодот поминат во Јувентус.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кедира во Јувентус го запознал и најдобриот човек за него во фудбалот, Масимилијано Алегри.
„Алегри е најдобриот човек кој сум го запознал во фудбалот. Со него бев близок и кога мојот италијански беше лош. Едноставно имаше клик помеѓу нас. И денес зборуваме за фудбалот, животот, патувањата, храната, омилените вина…Потребно ќе му биде да го рестартира тимот кој го презема, меѓутоа Јувентус со него повторно ќе победува и ќе биде фаворит за Скудетото“, изјави Кедира.