Дома Топ вести Кај Мурињо се вишок – Интер сака четворица „ѓаволи“

Кај Мурињо се вишок – Интер сака четворица „ѓаволи“


Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓



Според пишувањето на италијанските медиуми Интер е заинтересиран за дури четворица фудбалери на Манчестер Јунајтед, кои не се во плановите на Жозе Мурињо.

Од поодамна е познато дека „нероаѕурите“ се заинтересирани за италијанскиот репрезентативец Матео Дармијан кој не добива голема минутажа кај Муроњо, но на радарот на „нероаѕурите“ се уште тројца фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Мемфис Депај, неговиот сонардник Дени Блинд како и повремениот англиски репрезентативец Крис Смолинг.

Токму тоа се позициите кои новиот тренер сака да ги засили во тимот. На прво место одбраната каде сака да биде доведен еден стопер и еден бек, како и крилен напаѓач кој ќе ја засили конкуренцијата.

Дармијан и Блинд се реални опции, а што се однесува до Депај „нероаѕурите“ ќе имаат голема конкуренција бидејќи Холанѓанецот е на мета на Евертон и Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид го сака Лаутаро Мартинез

Топ 10 најголеми фудбалски дербија ↓↓↓ Приоритет на Реал Мадрид во летниот преоден рок ќе …