Maшките колеги на оваа возраст можеби до некаде го обелија образот на младинската кошарка со опстанокот во европската елита, но кадетките вчера претрпеа тежок пораз од 89 поени разлика од Србија (24:113).




За кошаркарките до 16 години ова беше воведен меч од ЕП во дивизијата Б кое се игра во Подгорица. Со овој пораз тие докажаа дека женската кошарка во овој момент кај нас е на најниски гранки и како што стојат работите во блиска иднина тешко може да очекуваме некој поголем напредок.




Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Македонските кошаркарки во вториот период постигнаа само два коша, а во последните десет минути само еден. Србинките доминираа во секој поглед имавме дури 56 скока помалку, загубивме 32 топки, промашивме десет удари за тројка…Кога ќе се погледне статистички ние постигнувавме кош на секој петти шут (10/49).