Дома Фудбал КАТАСТРОФАЛНИ ВЕСТИ ЗА ЛУИС СУАРЕЗ? „Постои можност да добие протеза, работата е сериозна“

КАТАСТРОФАЛНИ ВЕСТИ ЗА ЛУИС СУАРЕЗ? „Постои можност да добие протеза, работата е сериозна“

Суарез (36) ги известил челниците на Гремио дека сака да го напушти клубот поради проблеми со повредата на коленото, која му прави големи проблеми во играта. Тој има договор со бразилскиот клуб до крајот на 2024 година.

Тој има големи проблеми со болки во коленото и вели дека трпи неверојатни болки, а сега се огласи и претседателот на Гремио, Алберто Гера, кој ги загрижи сите навивачи и фудбалски фанови.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Постои можност да добие протеза, работата е сериозна. Примаше многу инјекции, пиеше многу лекови. Се оди до крајни граници, но никој не знае колку се големи – изјави Гера.

Суарез во Гремио пристигна пред шест месеци, а за бразилскиот клуб на 26 натпревари постигна 14 гола.

Претходно играше за Национал, Атлетико Мадрид, Барселона, Ливерпул, Ајакс и Гронинген. За репрезентацијата на Уругвај постигна 68 гола на 137 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фонсека незадоволен од тимот: Ако треба и младинците ќе играат

Милан со многу среќа ја совлада Црвена Звезда и дојде до добра позиција кога е во прашање …