За Серхио Рамос првиот натпревар против Барселона по враќањето во Шпанија во дресот на Севиља не помина добро.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Рамос беше трагичар бидејќи во вчерашниот натпревар си го постигна автоголот со кој Барселона победи со 1:0.
Секако, дека поради минатото на Рамос во дресот на Реал Мадрид ова беше дочекано со големо задоволство во Каталонија. Денес каталонскиот „Спорт“ ги дочека своите „пет минути“, па му се заблагодари на Рамос за придонесот во победата на Барселона.
Дресот на најголемиот ривал на Барселона, Реал Мадрид, Рамос го носеше цели 16 години.
