Дома Фудбал Касиљас: Реал е мој дом, се надевам дека ќе се вратам

Касиљас: Реал е мој дом, се надевам дека ќе се вратам

Легендарниот Икер Касиљас потврди во шпанските медиуми дека би можел да се врати во Реал Мадрид каде што ќе ја објавува функцијата советник на претседателот Флорентино Перез.

Касиљас на почетокот на август соопшти дека ја завршува играчката кариера. Потоа беа објавени информации дека би можел да се врати во редовите на „кралевите“.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


„Ништо не е конечно, но се надевам дека ќе се вратам во Реал. Моето заминување од клубот беше трауматично, но тоа е мој дом. Беше тоа како развод, имаше некои лоши работи, но времето поминува и смирува се. Мојот однос со Флорентино е добар. Кога ќе се вратам во Мадрид ќе разговараме“, изјави Касиљас.

Потоа потврди и дека бил блиску да се кандидира за претседател на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.

„Бев блиску да се кандидирам, но се откажав од политички причини. Немаше да имам еднакви шанси затоа се откажав“, призна поранешниот голман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

От ПСЖ го информирале Јуве дека и други клубови прашуваат за Коло Муани

Раководството на ПСЖ го информирало колегите од Јувентус дека треба да побрзаат ако сакаат…