Дискусијата за тоа кој е подобар Марадона или Меси вечно ќе постои, посебно во Аргентина.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Диего Марадона до пред 15 години беше „Бог на фудбалот“ за Аргентинците, но кога се појави Меси многумина го променија мислењето.
Поранешниот италијански репрезентативец и играч на Бари, Рома, Реал…Зборуваше на оваа тема.
„Марадона во фудбалот 4-5 години правеше нешто невидено. Лео тоа го прави веќе 15 години. Тука некој ќе каже дека нема титула со Аргентина за разлика од Диего, но Меси има постигнато 710 голови и повеќе од 300 асистенции. Оние кои се фанови на Марадона мораат да се помират дека Меси го надмина нивниот миленик“, изјави Касано.