Дома Останати Кошарка НБА Кармело Ентони потсети на славните денови, Бакси подобри од Портланд (ВИДЕО)

Кармело Ентони потсети на славните денови, Бакси подобри од Портланд (ВИДЕО)

Изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни само два натпревари, но не изостанаа возбудувањата.

Милвоки Бакс на свој терен го пречекаа Портланд и славеа победа со резултат 137:129. Тоа беше 12-ти триумф за Бакси во сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Домашниот тим водеше во текот на целиот натпревар (имаа максимални +16) иако Блејзерси во неколку пати сериозно се закануваа да се вратат во натпреварот. Посебно гостите добро одиграа во третата четвртина, а бидејќи во добар ритам продолжија и во четвртата во еден момент го намалија заостанувањето на само два поени. Сепак следуваше серија со која Бакси го решија натпреварот во своја корист.

Најефикасен во победничкиот тим беше Ерик Бледсо кој уфрли 30 поени, додека уште еден одличен натпревар одигра и Јанис Антетокумпо. Грчкиот кошаркар го заврши натпреварот со трипл-дабл учинок од 24 поени, 19 скокови и 15 асистенции.

Одличен настап во редовите нба Блејзерси пружи Меколум кој уфрли 27 поени и запиша шест скока и 10 асистенции, Лабисиере оствари дабл-дабл со 22 поени и 12 скокови, Кармело Ентони покажа дека и тоа како може да биде од корист. Ентони го заврши натпреварот со 18 поени, седум скокови и четири асистенции.

Треба да се истакне дека Блејзерси играа без Лилард кој има проблеми со повреда на грбот.

Интересно беше и во Аризона каде што Феникс ги пречека Пеликанс.

Гостите на крајот славеа со 124:121. Одлучувачка улога одигра Брендон Инграм која ја превзема одговорноста во четвртата четвртина.

Инграм на крајот беше најефикасен поединец со 28 постигнати поени. Во победничкиот тим се истакна и Џеј-Џеј Редик со 26 и Џру Холидеј со 23 поени.

Кај Санси најефикасен беше Оубре со 25 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…