Дома Останати Кошарка НБА Кари и Голден Стејт ги изненадија Лејкерси, Харден и Дурант се извлекоа против Милвоки 🎥

Кари и Голден Стејт ги изненадија Лејкерси, Харден и Дурант се извлекоа против Милвоки 🎥

Изминатата ноќ во најсилната кошаркарска лига во светот се одиграа пет натпревари, меѓу кои се издвојуваат дуелите, Лејкерси – Вориорси и Бруклин – Милвоки.

Во дуелот помеѓу Бруклин и Бакси видовме една револверашка пресметка на Харден и Дурант од едната и Јанис Антетокумпо од другата страна. Грчкиот кошаркар и Харден уфрлија по 34 поени, додека четири помалку постигна Дурант. На крајот домаќините имаа повеќе знаење и среќа па дојдоа до триумф од 125:123.

Второто дерби се играше во „Стејплс Центарот“ каде што Лејкерси ги пречекаа Голден Стејт кој ги изненади и славеше со 113:115.

Гостите ги предводеше одличниот Стеф Кари кој уфрли 26 поени, додека на другата страна нерасположениот Џејмс постигна 19 поени.

Торонто беше сигурен против Далас и славеше со 116:93. Лука Дончиќ одигран нешто послаб натпревар и мечот го заврши со 15 поени, 7 скокови и 9 асистенции. Најефикасен кај Далас беше Порзингис со 23 поени, додека во кај Торонто Ловри постигна исто толку.

НБА РЕЗУЛАТИТ: Бруклин – Милвоки 125:123, Торонто – Далас 116:93, Чикаго – Хјустон 125:120, Мајами – Детроит 113:107, Лејкерси – Голден Стејт 113:115

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Вардар со супер финиш до пресврт и победа со Елверум!

Вардар конечно ја прекина кризата во Лигата на шампионите и денес во Скопје беше победен Е…