Дома Фудбал „Кариоките“ ја оправдуваат фавортиската улога за претстојното СП: Покорен светскиот шампион (ВИДЕО)

„Кариоките“ ја оправдуваат фавортиската улога за претстојното СП: Покорен светскиот шампион (ВИДЕО)

Бразил славеше во Берлин над селекцијата на Германија со 1:0 и така барем малку се освети за болниот пораз од полуфиналето на СП, кога „Панцерите“ славеа со 7:1.

Треба да се истакне дека Германците во квалификациите за СП постигнаа 43 погодоци на 10 натпревари и дека не загубија на 22 дуели во низа, со што победата на Бразил доби уштте повеќе на значење.

Селекторот на Бразил, Тита одлучи на теренот да го изнесе најсилниот состав во овој момент, во формација 4-3-3.

Од друга страна, Јоаким Лев баш ги помеша картите, за разлика од претходниот меч против Шпанија, изостанаа Тер Штеген, Хумелс, Озил, Милер и Вернер.

Бразил беше подобар ривал, доминираше и создаваше шанси, а мрежата на Трап единствено ја погоди Габриел Жезус, по центаршутот на Вилијан од десната страна, напаѓачот на Манчестер Сити погоди со глава за 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…