Дома Ракомет Карачиќ: Вардар не изненади со 7 на 6, а на крајот се појави Гебдан

Карачиќ: Вардар не изненади со 7 на 6, а на крајот се појави Гебдан

Денешниот натпревар помеѓу Вардар и Кјелце беше посебен за Игор Карачиќ кој после долги години поминати во Вардар, денес за прв пат во „Јане Сандаски“ не играше како домаќин.

Карачиќ после натпреварот искажа големо задоволство од натпреварот и го пофали Калифа Гебдан кој денес посебно во второто полувреме прикажа еден фантастичен настап.

„Сакам да им честитам на двете екипи за борбеноста. Се сложувам со нашиот тренер дека изгубивме бод. Се надевавме на победа, бевме расположени пред натпреварот. Вардар не изненади со играта 7 на 6, ,а на крајот се појави Калифа кој беше феноменален. За мене овој натпревар беше посебен и навистина уживав“, изјави Карачиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Николовска со 11 гола го предводеше Спартак до нов триумф над Атлетик

Спартак го отвори осмото коло со победа од 31:22 над Атлетик. Анастасија Николовска и Сара…