Дома Фудбал Италија Капитенски и лојално: Во дресот на Рома можам и за двојно помала плата…

Капитенски и лојално: Во дресот на Рома можам и за двојно помала плата…

Капитен на сегашноста, капитен и во иднина. Откако се повлече Франческо Тоти, лентата на Рома е на мускулот на Даниел Де Роси, а судејќи по се, тука и ќе остане, бидејќи најискусниот фудбалер на „Волчицата“ прифати да го продолжи договорот со римскиот клуб.

Според информациите на „Медијасет“, управата на клубот од „Олимпико“ му понудила на Де Роси продолжување на соработката иако има 35 години, факт веројатно кој носи со себе голема финансиска жртва. Наместо рамно 3 милиони евра ќе му биде преполовена на милион и 500 илјади евра.

Сегашниот договор му истекува во јуни 2019. година, а со оглед на тоа дека устмен договор е постигнат, се очекува во следните денови Рома официјално да го потврди останувањето на капитенот, кој летото 2020. година веројатно ќе ја заврши кариерата во дресот на „Римската Волчица“.

Рома нему му е единствениот клуб во кариерата, досега одигра 594 натпревари и постигна 61 погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ѕвездата на Реал е навивач на Барселона: Плачеше поради Барса

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е навивач на Барселона, тврди бившиот скаут на Ка…