Дома Фудбал Капитенот на Јунајтед го пропушта стартот на сезоната

Капитенот на Јунајтед го пропушта стартот на сезоната

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија ќе го пропушти стартот на сезоната во Премиер лигата, откако заработи повреда на пријателскиот меч против Сан Хосе.

Првите прогнози се дека станува збор за кинење на мускул и дека Валенсија ќе отсуствува неколку недели. Ова може да биде проблем за Мурињо бидејќи и новото засиливање Диого Далот е исто така повреден.

Мурињо призна дека можно е да го користи Ешли Јанг на таа позиција, па поради тоа го повикал англискиот репрезентативец порано да му се придружи на тимот.

„Валенсија е повреден и сигурно ќе го пропушти стартот на Премиер лигата. Далот се рехабилитира, но исто така нема да биде спремен до почетокот на првенството“, потврди Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ромарио удри по Анчелоти: Бразил не смее да жртвува уште едно Светско!

По поразот од Јапонија со 3:2, Ромарио побара селекторска смена. Анчелоти има договор до м…