Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан прифати помала плата, става потпис на нов договор

Капитенот на Милан прифати помала плата, става потпис на нов договор

Раководството на Милан во наредните денови ќе има средба со агентот Мино Раиола, за да го формализираат новиот договор на Алесио Ромањоли.

Ромањоли влезе во последната година од договорот, а преговорите за негово продолжување беа прекинати од поодамна.

Иако се очекуваше дефанзивецот сигурно да си замине на крајот на сезоната како слободен агент, сепак двете страни сакаат да продолжат заедно.

Ромањоли на средбата со Малдини му соопштил дека сака да остане на „Сан Сиро“ и ќе прифати намалување на платата.

Се очекува наскоро 26-годишниот дефанзивец да стави потпис на 4-годишен договор со кој ќе заработува 3,5 милиони евра плус бонуси по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Легендата на Ливерпул е пред банкрот поради неподмирен даночен долг

Поранешниот фудбалер на Ливерпул и англискиот репрезентативец, а денес телевизиски аналити…