Дома Фудбал Италија Капитенот на Милан имал собраќајна несреќа!

Капитенот на Милан имал собраќајна несреќа!

Капитенот на Милан, Алисио Ромањоли учествувал во собраќајна несреќа во која две лица завршиле во болница.

Според пишувањето на „Ил Темпо“ медиум со седиште во Рим несреќата се случила во понеделникот на излезот од Рим.

Ромањоли одел во поста на своето семејство кога изгубил контрола над возилот и со својот Смарт при голема брзина удрил во автомобилот кој доаѓал од другата страна.

Од силината на ударот неговиот автомобил удрил во бетонската ограда покрај улицата. Ромањоли и засега непознатиот совозач завршиле во болница каде што им била укажана лекарска помош. Според информациите се здобиле со неколку исекотини и потрес на мозокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Сиетл Саундерс во одлична форма пред дуелот со Њу Ингланд

Сиетл Саундерс се наоѓаат во одлична форма со осум натпревари без пораз, пред важниот дуел…