Јувентус на почетокот од сезоната забележа победа од 3:0, а потоа одигра 0:0 против Сампдорија во кој скоро и да не беа опасни.
Навивачите се незадоволни, а критики пристигнуваат од стручните аналитичари и тренери. Еден од критичарите на Јувентус е и Фабио Капело.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Јувентус покажа мал квалитет. Веднаш се почувствува отсуството на Погба и Ди Марија. Јувентус направи многу малку. Каде што треба да се создава играта во средниот ред имаа многу мал квалитет. Мислам дека на Јувентус му се потребни засилување во средниот ред.
Но, слушам дека го сакаат Милик. Тоа не е играч кој ќе направи разлика, добар, но не му е потребен на Јувентус“, изјави Капело.
Кога се Ди Марија и Погба двајцата се повредени, Ди Марија се повреди против Сасуоло кога постигна гол и се очекува да се врати за околу една недела, додека ситуацијата со Погба е поинаква и неговото враќање се очекува подоцна.