Дома Фудбал Италија Капело жестоко удри по Алегри: Каков е овој Јуве и зошто Влаховиќ не играше?!

Капело жестоко удри по Алегри: Каков е овој Јуве и зошто Влаховиќ не играше?!

Познатиот италијански тренер Фабио Капело го критикуваше стилот на игра на Јувентус кој тешко постигнува голови и покрај напаѓачкиот потенцијал на тимот.

Структурата на Јувентус е таква што понекогаш изгледа целосно иновативно, но на негативен начин. Поставата не е ускладена и често владее неред во формацијата. Поради таквата игра тренерот Алегри е мета на критики.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Алегри сега беше критикуван и од легендарниот Фабио Капело.

„Ја гледав табелата, но и покрај сите критики кои ги добива и понатаму е на два бода од првото место. Но, размислете како ќе беше да играше добро? Тоа е тим кој се гради, недостасуваат некои важни играчи. Меѓутоа Јувентус не може да игра на тој начин…Алегри мора да направи нешто повеќе“.

„Макс, престани да се шегуваше, те сакаме, но сакаме и подобар Јуве. Јувентус сега игра на моменти, не е јасно што сака. Ако самиот кажа дека најважниот натпревар е против Бенфика за две недели зошто Влаховиќ не играше против Фиорентина?“, запраша Капело.

Јувентус натпреварот со Фиорентина го заврши со реми, Влаховиќ не одигра ниту минута на оваа средба. Во вторник „старата дама“ ја чека натпревар против ПСЖ во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Нов обложувачки скандал: Пакета обвинет дека намерно добивал картони

Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од средниот ред на Вест Хем, Лукас Па…