Дома Топ вести Кандидатот за претседател предупредува: Барселона е пред банкрот

Кандидатот за претседател предупредува: Барселона е пред банкрот

Претседателскиот кандидат на Барселона, Виктор Фонт изјави дека клубот се соочува со банкрот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тој остро го критикуваше сегашниот шеф на Каталонците, Жосеп Марија Бартомеу и предупреди дека на Камп Ноу се спрема „голема бура“.

„Долго време, предупредувавм дека клубот се движи директно кон пропаст. Сведоци бевме на осуди заради случајот Нејмар, спорови меѓу играчите, вработените и скринингот на социјалните медиуми, неодржливи спортски политики, распаѓање на дирекцијата и значително намалување на приходите заради коронавирус. Клубот е во опасност од економски и морален банкрот. Играта заврши“, истакна Фонт.

Фонт вети средување на состојбите доколку биде избран на функцијата.

 „Следува смена на најдобрата генерација фудбалери во својата историја. Ќе се изгради нов спортски комплекс и ќе се бориме против јавните компании со огромни финансиски ресурси“, нагласи Виктор Фонт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Прилично сум сигурен дека одиме дома…“: Селекторот на Шкоткса го прекина интервјуто за ББС после 23 секунди

Стив Кларк, селекторот на шкотската репрезентација, го прекина интервјуто за BBC само 23 с…