Дома Фудбал Репрезентации Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Камерунските фудбалери одбија да патуваат на првенството во Египет

Пред почетокот на Афричкиот Куп на нации камерунските репрезентативци одбија да отпатуваат во Египет, бидејќи фудбалскиот сојуз во таа земја не им го исплатил договорениот бонус (30.000 евра за секој играч).

Овие премии биле договорени претходно, но ниту Сојузот ниту Владата на Камерун не го исполниле ветувањето.

Селектор на Камерун е славниот холандски репрезентативец Кларенс Сидорф, кој сега се најде во незавидна ситуација.

Помош побара и од најдобриот камерунски играч на сите времиња Самуел Ето, кој ќе дојде во земјата да поразговара со играчите и ќе се обиде да ги убеди да ја променат одлуката.

Инаку, Камерун е фаворит за титулата, а во групната фаза треба да се сретне со Гана, Гвинеја и Бенин.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мурињо воведува ред во Реал: На ѕвездите им стави до знаење што ги чека ако ги прекршат правилата

Жозе Мурињо не губеше време откако се врати на кормилото на Реал Мадрид. Португалскиот стр…