Дома Фудбал Калиниќ конечно прозборе за инцидентот на СП

Калиниќ конечно прозборе за инцидентот на СП

Новиот напаѓач на Атлетико Мадрид, Никола Калиниќ зборуваше за инцидентот кој му се случи на СП.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ова лето Калиниќ премина од Милан во Атлетико, а летото му “пропадна“ поради тоа што селекторот Далиќ ги отстрани од хрватската репрезентација по натпреварот против Нигерија.

„Не зборувавме за инцидентот. Она што се случи во репрезентацијата, се случи. Беше тоа одлука на селекторот кој не сакаше да смета на мене, а јас ја прифатив таквата одлука.“ – рече Калиниќ и додаде:

„Не играв и не и помогнав на Хрватска да го оствари големиот резултат, па затоа не сакав да го земам медалот, бидејќи не беше за мојот допринос. Нека остане на тоа. Сега ме чекаат нови предизвици. Што се случи, се случи.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мхитарјан донел одлука за својата иднина

Хенрих Мхитарјан одлучил какви ќе бидат неговите идни планови и се очекува да остане во ша…