Дома Фудбал Останато Како Халанд стана фудбалско откритие на деценијата? (видео)

Како Халанд стана фудбалско откритие на деценијата? (видео)

Ерлинг Халанд е откритието на деценијата на Салзбург, а како започна во Борусија би можел да стане и еден од најдобрите голгетери во историјата.

Освен неверојатните рекорди кои ги соборуваше, што повеќе знаете за Ерлинг Халанд? Еве нешто интересно за неговиот живот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Постигна девет голови на еден натпревар.

Гол-машината на Борусија Дортмунд беше дел од младата репрезентација на Норвешка на Мундијалот за млади минатата година. Во натпреварот против Хондурас во кој неговиот тим победи со убедливи 12:0 тој постигна дури девет гола.

Го следи делото на Кристиано Роналдо

Роналдо е голем пример на Халанд, барем кога во прашање е стилот на животот, диетите и планот на тренинг. Причината поради која го следи е едноставно, Роналдо има 35 години и се уште во топ форма. Таткото на Халанд раскажа дека неговиот син добил голема инспирација кога се сретнал со поранешниот соиграч на Роналдо, Патрис Евра кој му раскажувал за посветеноста на Роналдо.

Сон му е да ја освои Премиер лигата со Лидс

Таткото на Халанд и поранешен репрезентативец на Норвешка има богато искуство од играње во Премиер лигата. Беше член на Нотингем Форест, Манчестер Сити и Лидс, а Халанд е роден токму во Лидс на 21. јули 2000 година. Поради тоа е голем фан на Лидс и една од неговите желби е некогаш да стане шампион на Англија со овој клуб.

Можел да игра за репрезентацијата на Англија

Со оглед на тоа дека е роден во Лидс. Халанд имал право да игра за националниот тим на Англија. Меѓутоа никогаш не размислувал и секогаш сакал да го носи дресот само на Норвешка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гундоган го критикуваше трагичарот на Барса, а тој му одговори: Подобро да не кажувам што мислам

Барселона беше иелиминирана од ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите и покрај тоа …