Дома Останати Кошарка Како Никола Јокиќ преку лажен твит стигна до НБА…

Како Никола Јокиќ преку лажен твит стигна до НБА…

0
jokic

Кошаркарскиот агент Миодраг Ражнатовиќ при гостувањето на ТВ емисија во Србија објасни како Никола Јокиќ стигнал до НБА лигата.

Јокиќ беше драфтуван како 41 пик од страна на Денвер Наџентс директно од Мега, а денес е еден од најдобрите центри во НБА лигата кого наскоро го очекува договор вреден 150 милиони долари.

„Твитер имаше важна улога во пристигнувањето на Јокиќ во НБА. Играчите кои немаат 22 години кога ќе се пријават на драфтот ја имаат таа можност во еден момент да се откажат. Јокиќ до последниот ден немаше гаранција дека ќе биде драфтуван и јас утрото објавив твит дека Јокиќ се повлекува од драфтот, но не испратив писмо бидејќи преостануваа уште 18 часа. Американците лошо реагираа ме повикуваа и ми кажуваа „немој, зошто“….Им кажав дека некој мора да ми обезбеди гаранција. Денвер на три, четири часа пред истекот на рокот ми соопшти дека ми даваат гаранција за местото 41 и Јокиќ остана. Пред десет години ја немав таа можност за 30 секунди да известам 30 НБА клубови“, изјави Ражнатовиќ.

 


Следете го Sportski.mk и на


Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Реал Мадрид во НБА? Да, Перез веќе работи на тоа!

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез има една „необична“ идеја и сака кошаркарски…