Дома Фудбал Лига на шампиони Како некој да ги проколна: Нова повреда во тимот на ПСЖ

Како некој да ги проколна: Нова повреда во тимот на ПСЖ

Фудбалерите на ПСЖ во четвртфиналето на ЛШ играат против Аталанта, но ќе бидат значително ослабени.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Веќе од поодамна е јасно дека Мбапе нема да игра во овој натпревар поради повреда, а за Парижаните денеска стигна нов удар. Имено, во знак прашалник за овој натпревар е и Марко Верати.

Медиумите во Франција објавија дека Верати се повредил на тренингот и дека е под голем прашалник за натпреварот против Аталанта. Овој играч е еден од најважните играчи на францускиот тим и неговото отсуство значителено ќе се почуствува.

Верати одигра фантастичен натпревар пред неколку дена против Лион во финалето на Лига купот и беше играч на натпреварот.

Натпреварот помеѓу Аталанта и ПСЖ се игра во Лисабон за седум дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Светското првенство ќе ја одреди иднината на Винисиус!?

Преговорите за нов договор на Винисиус Жуниор траат со месеци, а шпанските медиуми пишуваа…