Лука Модриќ вчера со убедлив број на гласови ја освои „Златната топка“.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Модриќ во гласањето освои 753 бодови, додека Кристиано Роналдо се најде на втората позиција со 478 освоени поени.
Според она што се случуваше во изминатиот период и наградите кои ги собра Модриќ од ФИФА, УЕФА, Мундијалот и уште неколку други реномирани медиуми може да се каже и дека вакво сценарио беше очекувано.
Во гласањето за „Златната топка“ учествуваше и Македонија.
Токму победникот Модриќ добил најмногу гласови од нашите претставници, потоа следуваат Гризман, Меси, Роналдо и Азар.
