Дома Останати Кошарка НБА Како Коби постигна 61 поен, па потоа коментираше филм за себе (ВИДЕО)

Како Коби постигна 61 поен, па потоа коментираше филм за себе (ВИДЕО)

Пред точно два месеци во хеликоптерска несреќа животот го загуби легендарниот Коби Брајант.

Бескомпромисноста кон противниците, гладот за победа и големата работна етика беа инспирација за многу спортисти, па така славниот режисер Спајк Ли во 2008 година го сними документарецот „Kobe Doin’Work“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој 84 минутен филм е поглед на умот и менталниот склоп на „Црната Мамба“ кој го следеше и во натпреварот во 2008 година. Коби се согласи во тој натпревар да го следат 30 камери и да носи микрофон додека игра за да се слуша неговата интеракција со соиграчите, тренерите и противниците. Тренерот Фил Џексон дури дозволи да се снима и тајм-аутот.

Коби инаку беше и наратор на филмот, а коментарот го сними во февруари 2009 година веднаш после натпреварот против Нујорк Никси во кој постигна 61 поен и постави (во меѓувреме срушен) рекорд во „Медисон Сквер Гарден“. Поради тоа беше посебно расположен во коментирањето на филмот.

Ви предложуваме во овие денови кога најдобро е да се седи дома да го погледнете овој документарец.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Неверојатно: Нејмар во ПСЖ добивал по 200.000 евра за аплаудирање на навивачите

Иако поминаа седум години трансферот на Нејмар од ПСЖ во Барселона се уште знае да биде те…