Дома Останати Тенис Како во најдобрите денови – Ѓоковиќ со фуриозна игра во второто коло во Монте Карло!

Како во најдобрите денови – Ѓоковиќ со фуриозна игра во второто коло во Монте Карло!

0

По враќањето од повредата конечно денес гледавме меч со кој Новак Ѓоковиќ потсети на најдобрите денови.

Сезоната на земја започна одлично за Ѓоковиќ и во првото коло од Мастерсот Монте Карло со сигурна игра го победи сонародникот Душан Лајовиќ со 6:0 и 6:1.

Ѓоковиќ посебно во првиот сет играше фуриозно и така им даде надеж на фановите дека би можел да ја врати формата кога беше број 1 на АТП листата.

Лајовиќ сервираше очајно против најдобриот српски тенисер и некогаш најдобриот во светот имаше само 44% погоден прв сервис, додека освои 25% од поените.

Во второто коло Ѓоковиќ е игра против еден од најдобрите млади тенисер на денешницата, Хрватот Борне Чориќ.

Ѓоковиќ минатата година во Монте Карло беше елиминиран во ¼ финалето од Давид Гофан, евентуална елиминација пред таа фаза за Новак би донело нов пад на АТП листата. Од друга страна пак со потенцијалното освојување на турнирот би се вратил помеѓу топ 10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Тенис

Проверете

Федерер меѓу 100-те највлијателни луѓе во светот!

Најтрофејниот тенисер во историјата, Роџер Федерер беше избран за една од стоте највлијате…