Дома Фудбал Останато Како во најдобрите денови во Барса: Тандемот Меси – Суарез обезбеди четвртфинале за Интер Мајами!

Како во најдобрите денови во Барса: Тандемот Меси – Суарез обезбеди четвртфинале за Интер Мајами!


Во денешниот натпревар помеѓу Интер Мајами и Нешвил, Интер Мајами славеше со 3-1 во реваншот, обезбедувајќи вкупно 5-3 победа и продолжување во четвртфиналето од КОНКАКАВ шампионскиот куп.

Натпреварот во Нешвил заврши нерешено 2-2, но Интер Мајами доминираше на домашен терен со поддршка од навивачите и обезбеди победа што ги одведе во следниот рунда. Главните ѕвезди во победата на теренот беа Луис Суарез и Лионел Меси.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Веќе во осмата минута, Меси запиша асистенција, отварајќи пат за голот на Суарез и првото водство од 1-0. Во 23. минута, Меси блесна со гол кој го зголеми водството на 2-0, што беше резултат кој се носеше до полувремето.

Во вториот дел од натпреварот, во 63. минута, Суарез асистираше, а Тејлор со одличен удар со глава го постави третиот гол за 3-0.

Гостите успеаја да постигнат почесен гол во продолжувањето на натпреварот, но тоа не беше доволно за да го превземат мечот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дерби на денот: Дали ПСЖ го кажал последниот збор?

Денес продолжуваат натпреварите во Лигата на шампиони, а дербито се игра помеѓу Барселона …