Дома Фудбал Останато Како Азар е избран за најдобар во Лигата на Европа!?

Како Азар е избран за најдобар во Лигата на Европа!?

0

Еден Азар вчера ја доби наградата за најдобар фудбалер во минатогодишното издание на Лигата на Европа.

Белгиецот постигна два гола во финалето од ова натпреварување против Арсенал пред да направи трансфер во Реал Мадрид за 100 милиони евра.

На доделувањето на наградите за време на ждребот за Лига Европа не присуствуваше бидејќи се опоравува од повредата и преку видео порака се заблагодари на наградата.

„Ви благодарам на наградата. Ми претставува голема чест да бидам избран помеѓи сите тие одлични играчи“, изјави Азар во видеото.

Откако беше избран започна да се поставува прашањето – како Азар ја доби наградата за најдобар играч?

Она што никако не му оди во прилог е неговиот учинок во Лигата на Европа.

Азар е избран за најдобар иако одигра само 33% од можните минути. Постигна само два гола во финалето и два пати асистираше.

Зад него завршија Жиру кој беше клучен за Арсенал во цело натпреварување и Лука Јовиќ кој го предводеше Ајнтрахт во сите натпревари во Лигата на Европа и постигна осум гола.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Македонскиот херој е играч на денот на Европското првенство!

Вчера Македонија ја запиша првата историска победа на едно Европско првенство ракомет, а к…