Дома Фудбал Останато Каков играч, а ја избра Кина – Талиска имаше спектакуларно деби за Гвангжу! (видео)

Каков играч, а ја избра Кина – Талиска имаше спектакуларно деби за Гвангжу! (видео)

taliska

Воодушеви во Турција изминатата сезона, можеше да направи трансфер во европските гиганти, но ја избра Кина.

Андерсон Талиска во Бенфика пристигна во 2014 година од Баија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Веднаш покажа дека се работи за голем талент, се споменуваше дека Мурињо сака да го доведе во Челзи, но после две години во Лисабон премина на двегодишна позајмица во Бешикташ.

Турците сакаа да го откупат неговиот договор ова лето, но тој се врати во Бенфика за потоа да замине на нова позајмица, овој пат во кинескиот Гвангжу Еверганде.

Фабио Канаваро кој е тренер на Гвангажу покрај него го доби и Паулињо кој веќе играше тука, а како што стојат работите тешко дека некој ќе застане на патот овој клуб во кинеската Суперлига.

На своето деби Талиска постигна запиша асистенција и постигна хет-трик и тоа каков!

Прво на Гоао Лин кој погоди со ножички му асистираше, за потоа во вториот дел да погоди со глава и на два пати со мајсторски удари да го совлада противничкиот удар.

Јасно е дека за него имаше место во Европа, го сакаше Манчестер Јунајтед, но тој ја избра Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шпанската фудбалска федерација доби нов претседател

Досегашниот потпретседател на Шпанската фудбалска федерација Педро Роча е избран денеска з…