Aргентинската репрезентација Светското првенство во Катар го дочекува како едни од фаворитите за трофејот, а селекторот Лионел Скалони сигурно сака да ги има на располагање најдобрите фудбалери.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Паоло Дибала кој одлично ја започна сезоната во Рома сигурно дека се очекуваше да биде еден од поважните играчи во аргентинската репрезентација, но потоа дојде повредата и шансите да настапи во Катар се мали.




Ова го потврди и селекторот Скалони.




„Само тие што можат да бидат спремни за првиот натпревар ќе играат во Катар. Дибала ќе го чекаме до последен момент и тогаш ќе го објавам списокот“, изјави Скалони.




Дибала ќе биде во трка со времето да се опорави, но очигледно дека засега е поблиску да не настапи отколку да настапи на Мундијалот.