Дома Фудбал Каземиро го избра бројот на Сколс во Јунајтед

Каземиро го избра бројот на Сколс во Јунајтед

Новото засилување на Манчестер Јунајтед, Каземиро го избра дресот со број 18, пренесуваат медиумите на Островот.

30-годишниот Бразилец пристигна на „Олд Трафорд“ за 70 милиони евра од Реал Мадрид и се очекува викендов да дебитира за „црвените ѓаволи“ против Саутемптон.

Дресот со број 18 е важен во Манчестер Јунајтед, бидејќи него го носеше легендарниот Пол Сколс.

„Има играчи кои се паметат. Сколс не беше моќен физички, но беше борец на теренот. Имаше неверојатен пас на 50-има метри. Манчестер Јунајтед секогаш имал врвни играчи на таа позиција“, изјави Каземиро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…